СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе државата и својата партија во долгови, а бара мандат од граѓаните да управува со народните пари

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија, која 11 години ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните.

За време на режимот на Никола Груевски, шефот на Мицкоски, бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година“, велат од СДСМ.

„Во истиот тој период, додека граѓаните осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен бел дворец, симбол на нивниот криминал и корупција, а сега опозициската партија има долг од 8 милиони евра.

Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?! Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?

Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат нечесни и недомаќини кои не можат да ја менаџираат сопствената партија повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.

На 12 април граѓаните ќе порачаат: режим никогаш повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ