СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Славевски се против раст на платите и против секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните

Од:

„Трајко Славевски, човекот кој со години ги аминуваше криминалните економски политики на Никола Груевски и гласен противник на зголемувањето на минималната плата денес е во неверување што парите им се враќаат на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не разбира што значи грижа за граѓаните и не може да прифати дека граѓаните конечно ги добиваат своите пари назад. Затоа бараат да се укине мерката која враќа кај граѓаните три милиони евра за три месеци.

Од партија која со години не мрдна со прст за сивата економија, не може да се очекува ништо друго освен да бидат против мерки за намалување на сивата економија.

МојДДВ е успешна мерка, а граѓаните за помалку од 1 месец ќе ги добијат назад 15% од платеното ДДВ.

Повеќе од 200.000 граѓани скенираат сметки и бројот се повеќе расте! МојДДВ, не само што ќе ги врати парите кај граѓаните, туку влијае на намалување на сивата економија.

СДСМ со голема грижа ги спроведува и приспособува своите социјални и даночни политики. Прогресивниот данок може да даде добри општествени ефекти, но ако даноците ги плаќаат сите и сивата економија се сведе на минимум.

Владата предводена од СДСМ е доблесна пред своите граѓани и го слуша нивниот збор. Затоа, одлучи да ја стави стапката од 18% во мирување во следните 36 месеци.

Лицата како Трајко Славевски кои без збор да кажат, следеле со години како се случува најголемата кражба на народните пари, треба да си го преиспитаат правото да зборуваат што е добро за граѓаните!“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време