СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени, по носењето на Законот за ЈО, на ред е правосудството да воспостави правда

Од:

„СДСМ како одговорна и демократска партија преку легитимни законски решенија создаде услови за независно и професионално правосудство.

Со Законот за Јавно обвинителство креираме независен обвинителски систем преку кој овозможуваме судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка, но се создадени услови да продолжат и случаи кои се во фаза на истрага.

Во тие случаи како осомничени се главно функционери на ВМРО ДПМНЕ. Во досието „Моќник“ осомничен е Антонијо Милошоски, во предметот „Актор“ за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Во „Империја“ се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, во „Друмарина“ е Силвана Бонева, а во досието „Пациент“ со Бујар Османи, како и други случаи кои имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди“, велат од СДСМ.

„Сега е појасно зошто ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на законот и зошто беше во мисија да го заштити својот и криминалот на Никола Груевски. Извршителот Христијан Мицковски не успеа во намерата да ја загрози правдата и правната држава.

СДСМ ги обезбеди сите услови за брза и ефикасна завршница, и на судските постапки и на започнатите истраги. Сега на ред е правосудниот систем кој мора да заборави на 11 годишната режимска пракса кога функционираше под закани, нарачани притвори и телефонски пресуди.

Ние, како одговорна власт јавно им укажуваме дека никогаш, за ниту еден предмет нема да им се јавиме и да им сугерираме да судат спротивно на доказите. Ги охрабруваме да ги спроведат сите закони кои се донесоа во изминатите две години, а кои значат реформа во правосудството.

СДСМ создаде законски услови да завладее правдата и правната држава, затоа сега редно е ослободените обвинители и судии според словото на законот и според материјалните докази да ги забрзаат сите започнати постапки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он