СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го штити обезбедувачот пиштолџија на Африм Гаши

Од:

Според информациите кои ги има СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се обидува по секоја цена да го заштити членот на обезбедувањето на Гаши кој предизивика инцидент на аеродромот при посетата на косовската Претседателка, Вјоса Османи.

Согласно информациите кои ги имаме во детали, членот на обезбедувањето на Гаши тешко ги прекршил своите овласувања за што треба да биде прво итно суспендиран, а понатаму и кривично гонет, наведуваат од СДСМ.

Фактите околу неговата улога во инцидентот во детали ги има МВР и внатрешна контрола и тие недвосмислено упатуваат на суспензија и судска постапка против него. Сега прашањето е зошто чекаат да го суспендираат, а понатаму и процесираат? Дали повторно ВМРО-ДПМНЕ коленичи пред коалицискиот партнер и се обидува да ги заштити?

Мицкоски имаше полна уста навреди како СДСМ биле потчинети во Владата, а неговата партија буквално замижува пред неколку сериозно испади и инциденти на коалицискиот партнер.

Ги повикуваме Тошковски и Мицкоски да се одважат и во следните 24 часа да постапат согласно наодите во спротивно во целост ќе го објавиме случајот. Повеќе од јасно е дека се обидуваат да ги скријат фактите и да го заштитат обезбедувачот на Гаши, ова е недозволиво и спротивно на сите ветувања на Мицкоски во предизборието во кои ветуваше неселективно спроведување на законите, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер