СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одолговлекува комплетирањето на ДИК и го минира изборот на Генерален секретар

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, преку нејзините претставници во Државната изборна комисија, го одолговлекува целосното комплетирање на ДИК и го минираа изборот на Генерален секретар.

На синоќешната седница на ДИК, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа одложување на изборот на Генерален секретар на ДИК, во моментите кога требаше да се одлучи помеѓу тројца кандидати коишто имале најмногу бодови, согласно објавениот Оглас и утврдениот Правилник.

Јавниот оглас за избор на Генерален секретар на ДИК беше со скратени рокови, со единствена цел што побрзо да се докомплетира Државната изборна комисија и да се зафати со работа по клучните прашањата од нејзина надлежност, директно поврзани со изборниот и предизборниот процес.

Дополнително, со консензус во ДИК е усвоен и Правилник за оценување и бодирање на кандидатите, на најтранспарентен начин.

Согласно Правилникот и јавниот Оглас, во потесен избор влегле 5 кандидати со коишто во текот на вчерашниот ден е релизирано и интервју со сите кандидати, при што во потесен избор останале 3 кандидати.

Кандидационата комисија составена од експерите во рамки на ДИК предложила за Генералниот секретар да се избере оној кандидат којшто имал најмногу бодови, согласно законската постапка, транспарентниот оглас и Правилникот.

Во тој момент претставнците на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК побараа прекинување, односно одложивање на седницата на ДИК за избор на Генерален секретар за 04.01.2016 година, поради наводни консултации.

Иако претставниците на ВМРО-ДПМНЕ немале никакви забелешки за постапката сепак го минираа изборот на Генерален секретар на ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со тактиката на одолговлекување и прекршување на договорот од Пржино“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара