• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во очај, полицијата е пријател и заштитник на граѓаните

by А1он06/05/2018 - 16:3498
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години на најбрутален начин ја злоупотребуваше и партизираше полицијата, Министерството за внатрешни работи го претвори во МВРО-ВМРО, а денес како опозиција очајно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствителни прашања.

Добивај вести на вибер

9 мај 2015 е еден од најтрагичните денови во поновата историја на Македонија што се случи за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

Вистината за случувањата во Куманово мора да излезе на виделина за случајот да биде расчистен до крај. Тоа е должност кон семејствата на 8-темина загинати бранители, кон семејствата кои останаа без домови, но и кон сите граѓани на Република Македонија.

Никој не смее и нема да биде амнестиран од одговорност, доколку се докаже дека на каков било начин бил дел од инцидентот што ја загрози сигурноста на граѓаните. Инволвираните и виновните во случајот ќе понесат одговорност за вакви злосторства никогаш повеќе не и се повторат на Македонија.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога МВРО ВМРО беше сервис на Никола Груевски и фамилијата, процесот на реформи и ослободување на институциите воден од Владата предводена од СДСМ обезбедува професионализација и департизација на Министерството за внатрешни работи и другите институции.

МВР денес работи независно, професионално и неселективно, а полицијата повеќе не е инструмент на ниту една партија туку функционира како вистински сервис, заштитник и пријател на граѓаните. Тоа е суштинската разлика што ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сфати“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnemvrsdsm

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4519/01/2026 - 13:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен