СДСМ: Опозицијата ги блокира предлог законските решенија за отпис на камати и репрограмирање на долгови

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги блокира сите проекти и законски решенија во интерес на граѓаните, а сега тоа го прави со опструкција на работењето на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Опозицијата ги блокира предлог законските решенија за отпис камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија.

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ е против тоа трошоците на граѓаните да се намалуваат“, соопштуваат од СДСМ.

„Овие мерки ќе им помогнат на граѓаните да се ослободат од долговите и каматите за нив и ќе овозможат подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ е против тоа.

Тие се нов почеток за сите, после систематското уништување на државата во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокира сите проекти кои се во интерес на граѓаните и за рехабилитација на институциите.

Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе се изјаснат против сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски