СДСМ: ВМРО -ДПМНЕ е најнеспособната локална власт во Скопје во историјата

Од:

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за само 12 месеци се покажа како најнеспособна во историјата на главниот град.ВМРО-ДПМНЕ во Скопје има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од директори и членови на Управните одбори на јавните претпријатија, раководени од шпицниот градоначалник Хирстијан Мицкоски велат од СДСМ.

– Наместо да се грижат за граѓаните, тие се скараа за бизнис интереси, тендери и провизии, чии раце да бидат во медот, а во градот владее хаос. За една година не само што нема никакви нови проекти, туку Град Скопје не може да ги обезбеди ниту основните функции. Наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз. Девет дена беа блокирани улиците, граѓаните не можеа непречено да се движат, ниту да стигнат навреме до своите одредишта. Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други градски претпријатија. Пред новогодишните празници, градот е сив и валкан, нема ни трага од „Модерно Скопје“ велат во соопштение од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар