СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ долго време беше и уште е дел од проблемот со евроинтеграциите

Од:

11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше се за да ја оддалечи државата од евроинтеграцииите и напредокот кон ЕУ. Токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше замрзнати препораки, оценките за нашите перспективи беа безизлезни, а државата беше оценета како заробена, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес кога се зборува за нашата земја за неа се зборува како блескав пример, со сите задачи исполнети, а сите проблеми кои ги остави ВМРО-ДПМНЕ се во процес на решавање. ВМРО-ДПМНЕ долго време беше и уште е дел од проблемот со евроинтеграциите. 

Блокираа, бојкотираа, бегаа. Како одговорна партија, СДСМ им даде шанса да учествуваат во државниот успех и наместо да шират демагогија треба искрено да се изјаснат дали се за ЕУ и НАТО.

Северна Македонија го доби најуспешниот извештај до сега и оправдано очекува многу скоро да ги започне преговорите со ЕУ.

И  наместо да честитаат и да бидат горди  што нашата татковина конечно доби зелено светло од Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски и како опозиција продолжува да работи се против интеграцијата и напредокот, се уште бранејќи го криминалот на
Никола Груевски и кочејќи го и условувајќи го Законот за Јавно обвинителство и статусот на Специјалното јавно овинителство.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела