А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири страв, Стратегијата за бегалците е продолжение на донесената во 2008 година

by А1он07/08/2017 - 16:49121
Share0

СДСМ соопшти дека во недостиг од идеи ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги со цел да создаде страв и вознемиреност меѓу граѓаните.

Добивај вести на вибер

Со тенденциозното ширење на лажни вести за наводно трајно населување на десетици илјади мигранти и нивно вработување, посочуваат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да ги сокрие последиците од 11-годишното криминално владеење на централно и локално ниво.

– Граѓаните да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци, а со усвојувањето на Стратегијата се почитуваат меѓународните стандарди и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година што Македонија ја има ратификувано. Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 со која што денес ВМРО-ДПМНЕ ги плаши граѓаните е само продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009–2015 година, донесена од тогашната Влада предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека станува збор за документ што служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција.

– Граѓаните ги препознаваат манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа избраа нова Влада предводена од СДСМ и реформи што носат живот за сите. Токму поради политиките на продуцирање поделби, насилство и конфликти, ВМРО-ДПМНЕ загуби на парламентарните избори и ќе загуби и на претстојните локални избори, по што општините ќе добијат нови, одговорни и чесни локални власти предводени од СДСМ и коалицијата што ќе работат во интерес на граѓаните, стои во соопштението.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 11:50

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Горан Наумовски01/04/2026 - 10:48

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто