СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, ситуацијата е под контрола

Од:

„Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните.

Ситуацијата е под контрола, откако вчера беше потврдени првиот случај на лице заразено со корона вирус во земјата, институциите се подготвени за брза реакција и ги презмеаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи“, реагираат од СДСМ на прес- конференција на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека сите институции се ставени во функција за справување со Ковид-19 вирусот, ВМРО-ДПМНЕ во препознатлив стил се обидува преку лаги и конструкции да добие ситно дневно политички поени.

Граѓаните, вклучувајќи го тука ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитуваат препораките на министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ