СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку заработил Микцоски од бизнисот со хидроцентралите и да побара да ги врати парите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ упорно шири невистини и лажни обвинувања преку нивниот портпарол. Наместо да лаже, ВМРО ДПМНЕ да каже колку заработил Христијан Мицкоски од бизнисот со хидроцентрали и да побара од него да ги врати парите кај граѓаните, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Познато е дека конзорциумот, во кој удел има Мицкоски во 2015 години од владата на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски добил 33 метри квадратни за изградба на хидроцентрала.

Лагите конструирани во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ се провидни, бидејќи претседателот на СДСМ Зоран Заев нема удел во ниту една компанија.

После сите можни злупотреби кои фамилијата и режимот на Никола Груевски ги направија, после сите прибирања од бизнисот и купувања фирми, преку Орце, Сашо и многу други ВМРО-ДПМНЕ треба нив да ги повика на одговороност за криминалот.

Ниту една споредба со работата на приватни компании сопственост на членови на семејството на претседателот Заев не држат воопшто.

Фирмите работат законски, немаат добиено ниту денар буџетски средства, не учествуваат на ниту еден тендер и не добиваат пари од државата.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време