(ВИДЕО) Стоилковски: Двете најголеми компании на Заеви должат на државата над 400.000 евра данок

Од:

„Еленица“ и „Дравас Инжинеринг“ се двете најголеми компании на Заеви, а должат на државата над 400.000 евра данок, додека компаниите на Заеви им вртат 56 милиони евра годишно. Замислете компанија која што не би била блиска до власта и зад себе нема политички функционер, како што е Зоран Заев, колку даночни инспектори досега, колку инспекции и колку блокирања на сметки и други зафати ќе доживее, зафати кон ништење на бизнисот.

Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират. Фирмите на Заев добија дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе, го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“ по цена на една гарсониера, за 40.000 евра добиваат проекти за градба на станбени комплекси вредни 10-тици пати повеќе. И тоа не е се. Вакви примери има многу. Бизнис во Струмица не е можен, ако во тоа немаат интерес компаниите на Заеви“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев со триесетина семејни компании е пример за можна корупција, пример за политичко влијание, за моќ во бизнис релациите. Тоа се најмалку неколку десетици причини за корупција и за насочување на државните економски текови. Се додека на јавна функција се политичари кои што се сопственици, акционери на компании, има можност за корупција.

Македонија ја тресат скандали и афери поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, поврзани и со политичкото делување на Зоран Заев, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана, сите поврзани со фирмите на Заеви.

Бараме сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и насочување на економските текови во државата кон лични цели.

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување на политичари во компанија кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски