СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ алармира за незаконско постапување неколку месеци откако е отворена истрага за случајот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ како и за се останато, доцни со денови, месеци и години. И денеска од белиот дворец се шират лаги, невистини и дезинформации. Денес, ВМРО-ДПМНЕ алармира за незаконско постапување неколку месеци откако е отворена истрага за случајот, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Лаже ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.

Вистината е дека на 18.02.2019 година или пред точно седум месеци, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски известувањето од Сојузот го препратил до надлежна институција, односно до Управата за финансиска полиција.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека има огромна разлика. ВМРО ДПМНЕ штитеше криминал и тоа го прави до ден денешен.

СДСМ како одговорна партија, алармира и пријавува незаконско работење, без разлика кој е извршителот на незаконските дејствија и е за бескомпромисна борба против криминалот.

СДСМ не ниту суд, ниту обвинителство има надлежни институции за истраги кои водат предмети. Заврши времето кога белиот дворец беше и полиција и суд и обвинителство.“, се наведува во реакцијата на партијата

Денес, правосудните институции работат професионално и независно во интерес на правдата.

Секој одговара.

Оттука, апелираме до надлежните институции, за брзо расчистување на овој случај и соодветно санкционирање на виновниците

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он