(ВИДЕО) Трипуновски: Функционерот на СДСМ, Кире Неделковски проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводители!

Од:

„Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски проневерил скоро 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводители, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на сметки на нему блиски лица.

Ова се изводите од банкарската жиро сметка на Сојузот, од кој јасно се гледа патот на парите. Во период од 01.01.2018 година до 01.10.2018 година од сметката на Сојузот на сметка на пријателот на Зоран Заев и Спасовски, Кире Неделковски се префрлени 5.544.600 денари.

Криминалот на Заев, Николовски и Спасовски, Кире Неделковски започнал во 2017 година, во период од 21.09.2017 година до 27.12.2017 година Неделковски си префрлил 1.099.500 денари.Тоа можете да го утврдиме од следниот извод на банкарската сметката на Сојузот.

Криминалот го потврдува и Надзорниот одбор на Сојузот, кој во овој Извештај од 18.10.2018 година, утврдил дека Неделковски во својство на претседател на Сојузот предизвикал финансиска штета во 2018 година, од околу 9.000.000 денари, по што Неделковски е разрешен“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неделковски шемата за испумпување на пари ја правел и преку свои блиски лица, па така од сметката на Сојузот ги полнел џебовите и делел позајмици на својот зет за ќерка, како и на неговите блиски пријатели.

Криминалот не завршува тука. Откако Надзорниот одбор го разрешува Неделковски, тој во два наврати се враќа на позицијата претседател на Сојузот, затоа што Централниот регистар на Република Македонија под притисок на власт не сака да го впише како официјален потписник новоизбраниот претседател. Со што му се овозможува на Неделковски да проневери дополнителни 9 .000.000 денари од здружението.

Овој огромен криминал тежок 300.000 евра две години чека на разрешница од Јавното Обвинителство и за органите на гонење на финансиски криминал. Сојузот на 18.10.2018 година поднел и кривична пријава против Кире Неделковски, но реакција во однос на истата нема.Наместо во притвор Неделковски е во слобода и поради нереагирањето на власта му било овозможено да го повтори делото.

Сојузот на 09.02.2019 година, пишал и Известување адресирано лично до премиерот Зоран Заев, тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Државниот инспекторат за земјоделие, Централниот регистар на Република Македонија и Сојузот на стопански комори. Реакција од ниту една институција нема.

Што прават Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Јавното Обвинителство повеќе од две години? Дали за Неделковски не важат законите само затоа што е функционер на СДСМ, и близок до Заев, Николовски и Спасовски?Или можеби дел од парите завршиле на „Илинденска“ па затоа се молчи!?

Со парите на земјоделците не смее никој да си игра. Овие 300.000 евра се пари на сите тутунари, заработени со многу труд и пот. Јавното Обвинителство веднаш да поведе постапка, сите вмешани да бидат соодветно санкционирани, а парите да им бидат вратени на земјоделците во Сојузот на здружението“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт