СДСМ: Власта лаже дека СЗО бара намалување на количините произведен тутун

Од:

СДСМ обвини дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нема решение за проблемот што таа го создаде, а тоа е вишокот произведен тутун.
-Електронското евидентирање на засадените површини и откупени количини тутун, што власта го воведува со измени на Закон е обична фарса која нема да го реши проблемот на тутунарите.

И со претходното законско решение, се регулираше истата работа. Секоја површина засадена со тутун се евидентира во Подрачните единици на Министерството за земјоделство со евиденциониот лист или т.н. бел картон.
Наместо решавање на проблемот со вишок тутун, по којзнае кој пат, власта си поигрува со маката и трпението на тутунарите,рече Горан Сугарески од СДСМ.

Според СДСМ, лага се тврдењата дека Светската здравствена организација ја пристиска Владата да се намалат количините производен тутун.

-Напротив, во обид да купи социјален мир, власта е таа која во последниве години ги притиска компаниите да го откупат вишокот на произведен тутун. Затоа се создадоа огромни залихи на тутун кои годинава ќе предизвикаат проблеми при откупот надвор од договорената количина.

Доколку Владата на ВМРО ДПМНЕ работеше на подобрување на стандардот на граѓаните и отвореше нови работни места, особено во прилепскиот регион, производството на тутун самото ќе се намалеше.

Спротивно на тоа, Власта на Никола Груевски ги дуплираше трошоците за живот, исто како и цените за нафта, минерални ѓубрива и репроматеријали, со што ги осиромаши производителите на тутун и останатите земјоделци, рече Сугарески.

СДСМ смета дека субвенцијата од 60 денари по килограм тутун нема да ги покрие трошоците кои ги наметнала ВМРО-ДПМНЕ. Решението според партијата е е субвенцијата по килограм тутун да се зголеми пропорционално со растот на трошоците и навремено да завршува во рацете на вистинските земјоделци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот