СДСМ: Власта да каже дали нафтата што ја добија ЈСП и општините е позајмица

Од:

Непазарен и неекономски е потегот на Владата со кој општините и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје минатата недела добија нафта од државните резерви, оцени денеска СДСМ.

Партијата бара власта да каже колкав процент од државните резерви нафта и нафтени деривати ќе се потрошат и дали со тоа не се доведува во опасност нивото кое мора да постои во случај на некоја кризна ситуација, дали нафтата е дадена како позајмица или оние кој ја добиле ќе ја вратат и кога, како ќе се надополнат дадените резерви и кога ќе им бидат префрлени на општините доволно пари за да го вратат долгот кон приватните превозници и кон фирмите на кои им должат за нафта за греење.

– Државните резерви нафта се наменети за итни и кризни ситуации и треба да служат во случај на елементарна непогода, војна или нафтена криза. Користејќи ги последните измени на Законот за задолжителни резеви на нафта и нафтени деривати, власта сега ги злоупотребува државните резерви и ги користи за покривање на недомаќинското и неодговорно работење на нејзините министри, градоначалници и директори, рече на прес-конференција Марјанчо Николов, пратеник од СДСМ и претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според СДСМ, наместо да посегнува по државните резерви, Владата треба да побара одговорност од менаџментот на ЈСП зашто претпријатието добива високи субвенции од градот Скопје, а остварува загуби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“