(ВИДЕО) СДСМ: Владата да ги расчисти дилемите поврзани со договорот со контроверзниот Субрата Рој

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија констатира дека е добро што владата воопшто реагира на укажувањата дадени од страна на партијата , како на пример започнување на постапка за промена на директорот на поштата во Куманово и објавување на договор со контроверзниот Субрата Рој.

За жал, владата го објави само договорот кој што се однесува само на областа земјоделие, меѓутоа не и туризам, велат од СДСМ.

Објавениот договор кај СДСМ предизвикува многубројни дилеми.

1. Кој е сопственикот на фирмата закупец, ако се има во предвид дека тоа не е Сахара Груп, туку лицето Suhbinder Singh Heer кој е жител на Лондон и државјанин на Обединетото кралство. Кое е ова лице и каква е неговата врска со Субрата Рој или Сахара Груп?

2. Зошто државата склучила договор за закуп со фирмата ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ од Скопје, која е основана со основна главнина од само 5.000 евра кои видливо од податоците од Централниот регистер сеуште не се уплатени?

3. Како тоа оваа фирма со неуплатена основна главнина плаќа закуп од 120 денари месечно за хектар, а сите останати земјоделци во Македонија во земја од таков квалитет месечно плаќаат од 600 до 1000 денари за хектар?

4. Агро – комбинатот Џумајлија во периодот од 2008 до 2010 год. на име на субвенции на земјоделско производство има примено вкупен износ од 1.300.000 евра. Доколку Субрата Рој, односно недефинираното правно лице – закупец, во наредните 3 години произведе исто колку што произведувал агро – комбинатот Џумајлија во тие 3 години, тогаш државата на име на субвенции е должна да му исплати на закупецот околу  1.300.000 евра, односно просечно околу 430.000 евра годишно.  Во исто време истиот за добиените 430.000 евра годишно треба да плати закупнина во износ од 121.000 евра. Тоа значи дека по истиот основ му се овозможува да заработува по 300.000 евра годишно на сметка на државата, а без минимално да го подобри работењето на закупените капацитети, односно во добар дел да го пополни износот на банкарската гаранција, рече на пресконференција Петре Шилегов.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива