СДСМ: Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

Од:

Додека народот и државата тагуваат поради огромната трагедија во Кочани во која згаснаа 59 млади животи а околу 200 се повредени, Владата на ДПМНЕ турка тендери за мерење рејтинзи и пропаганда.

За поддршката на семејствата и граѓаните во Кочани се организираат донации а владата на ДПМНЕ троши 400.000 евра за анкети и мерење на рејтингот на Мицкоски.

Тоа не било доволно па гледаме објава на нов тендер за уште еден скап проект – оцена на медиумското влијание, мониторинг на медиумите, на социјалните мрежи, прес клипинг и оценка на вестите.

Владата набавува софтвер за да ги оценува вестите на медиумите– дали се позитивни, негативни или неутрални, а планира да собира податоци и за авторите, рече на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Тоа ли се приоритетите на власта?

Нема пари за плати, нема за пожарникарите, за лекарите, за работниците, пари има само за папаја, манго и рејтингот на Мицкоски.

Зошто да се трошат пари на граѓаните за прес-клипинг кога веќе има професионална служба за прес-клипинг во Владата?

Граѓаните добро ги знаат режимските методи на ДПМНЕ и ова е само нивно продолжение.

Како тоа Владата на ДПМНЕ планира да ги селектира медиумите како позитивни, негативни или неутрални, што ќе случи доколку известуваат негативно, ќе бидат казнети, замолчувани?

Власта манифестира бесчувствителност и расипништво во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага.

СДСМ бара итно поништување на тендерот за „софтвер за медиумско влијание“ и тендерот за анкети.

Тие пари, заедно со 400.000 евра предвидени за анкети да се дадат за помош на семејствата и граѓаните на Кочани.

Сега е време за солидарност и одговорност, а не за мерење рејтинзи и пропаганда, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е предмет на преговори

А1он

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Семејна фирма на Томовски од СОЗР ги „чисти“ парите на граѓаните и тоа во милиони евра

А1он

ВМРО-ДПМНЕ на конгрес во Кавадарци, се очекува реизбор на Христијан Мицкоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

А1он