СДСМ: Вистинската адреса за нелегално прислушување е дворецот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Портпаролот на лицемерното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја има погрешено адресата.

Вистинската адреса за најголемиот скандал со нелегално прислушување е пред скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Токму таа зграда е сибмол на масовна и груба злоупотреба на институциите, симбол на масовно кршење на човековите права.

Токму на „осмиот спрат“ од дворецот, според јавни признанија во судска постапка бил центарот кој координирал со бруталниот упад во Собранието кога беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Очигледно дека таа криминална, монструозна матрица на режимот и денес е присутна во раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се против помирување и организираат протест за одбрана на криминалот кадешто отворено се закануваат по судии и јавни обвинители, вршат притисоци врз судството.

Лимцерното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да не се грижи, отворената истрага од надлежните институции ќе покаже кој и со каква цел ја набавил и користел опремата со која се следеле комуникациите во Јавното обвинителство, којашто според информациите биле инсталирана уште во 2013 година, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт.

Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Сите лица вмешани во овој случај ќе бидат пронајдени и ќе одговараат за своите дела“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат