СДСМ: Вилите и луксузот ВМРО-ДПМНЕ треба да ги побара во сопствените редови

Од:

„Очигледно е дека Извештајот на Европската Комисија е многу болна тема за ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа бегаат од темата, лажат и навредуваат.

Затоа молчат за ставот во Извештајот што вели дека „власта ги КОНТРОЛИРА медиумите и институциите” и објавуваат смешни „анализи“ со коишто се оправдаат.

Значи ли ова дека на Груевски никој не му чини: ни новинари, ни опозиција, ни невладини организации, па ни Европската Комисија?

Инаку, вилите и луксузот ВМРО-ДПМНЕ треба да ги побара во сопствените редови, откако преку ноќ се сместија по хациендите на Водно и Бардовци и во непријавените станови на улицата Димче Мирчев“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на реакција на ВМРО-ДПМНЕ по повод интервјуто на Радмила Шекеринска.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија