СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Од:

В среда на 24 април, граѓаните со својот глас за Стево Пендаровски избираат европска иднина. Изборот е кристално јасен, изборот е помеѓу подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ. Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ, велат од СДСМ.

– Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните, туку ги обединува. На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на Белата палата, туку вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата. Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност, туку напредок и членство во ЕУ. На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард. Гласот за број 1, за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада