СДСМ: Ужасниот инцидент со згазеното момче е доказ до каде се „опијаниле“ но ќе одговараат

Од:

Ужасен е инцидентот во којшто поранешниот главен телохранител на Никола Груевски прегази 22 годишно момче, кое според информациите, е во исклучително тешка здравствена состојба.

Ова е уште еден многу сериозен и трагичен доказ на кого се во полицијата му биле давани раководни позиции и до каде тие луѓе ги опијанила виртуелната реалност дека `се им е дозволено.

Слушнавме и од Вистината за Македонија како под раководство на истиот тој поранешен шеф на обезбедувањето на Груевски, со денови се молчело за деталите за убиството на Мартин Нешкоски на плоштадот Македонија.

И за тешкиот инцидент по полноќ, иако Јанкулоска и Мијалков не се во МВР и УБК, МВРО раководено од наследникот Чавков, како што може да се прочита, не дава прецизни информации на јавноста, што упатува на тоа дека има обид нешто да се скрие.

Очигледно многу работа ја чека оваа држава и нас граѓаните да ги поставиме моралните и професионалните стандарди каде што им е местото.

Доаѓа одговорна Влада која тоа ќе го стори заедно со граѓаните на Македонија, а сите кои вршеле или извршиле злосторства врз граѓаните, ќе мора да понесат одговорност, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски