СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Од:

Донесената предавничка Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието освен што е предавство на Македонија е невидена и скандалозна. Власта на Мицкоски ја гуши демократијата, слободата на говор, мислење и политичко дејствување. Ова е притисок, заплашување и обид за замолчување на опозицијата, тврдат од СДСМ.

„Кога парламентот носи резолуција против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Режим 2.0. На местото на Груевизмот дојде Мицковизмот. Директен удар врз парламентарната демократија и создавање опасен преседан кој го поларизира општеството и ја заменува демократската дебата со политичко етикетирање. ДПМНЕ и ЗНАМ сакаат:

• Да ѝ го забранат работењето на опозицијата,
• Да воведат едноумие,
• Да создадат еднопартиска држава,
• И да ја згаснат слободата на говор.

Ова е сценарио веќе видено кај нас ама и во регионот. Истата матрица, истата реторика, истите закани, од времето на Груевски а моментално тоа го прави Вучиќ во Србија. Во демократија, одговорноста е индивидуална, има име и презиме. Не постои колективна вина, ниту резолуции за замолчување на опозицијата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски