СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Од:

ДПМНЕ наместо да се извинат пред јавноста, наместо да се покајат, за крвавиот четврток, тие осудените насилници ги нарекуваат херои и уставобранители. Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители, како што велат Силјановска и Мицкоски. Не може насилниците, што се обидоа да го суспендираат Уставот, на тој крвав ден, точно пред седум години, да бидат уставобранители. Поттикнати од ДПМНЕ, тие со насилство го бранеа режимот, а не Уставот, велат од СДСМ.

– Со огнено оружје и метални палки насилниците, ги бранеа криминалите на ДПМНЕ, ја бранеа заробената држава, Сваровски судството, купените медиуми, узурпираните институции, тендерите и провизиите, за да може од Белата палата да продолжат да јадат чоколадо, а да нема ни за леб, да продолжат да ги тепаат студентите, да затвораат медиуми и новинари, да организираат спектакуларни апсења, да нарачуваат пресуди по телефон, да увезуваат гласачи од Пустец и грчки песок, да ставаат уште споменици и мермер од стиропор, да сеат раздор и поделби меѓу граѓаните. Насилници никогаш нема да бидат уставобранители. Слободата и демократијата, кои СДСМ ги врати, се скапоцени, 27 април не смее да се заборави, не смее да се повтори – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски