СДСМ: Требаше да излеземе на прес за МО да соопшти дека го затвориле случајот со нивниот војник

Од:

Требаше СДСМ да излезе на прес конференција со сознанија за пропусти и прикривање на случајот со грозоморното убиство од професионалниот војник, за Јолевски и Министерството за одбрана да соопштат дека го затвориле случајот и се амнестирале од одговорност и себе и надлежни служби и органи.

За Јолевски и Министерството за одбрана нема ништо спорно во тоа што во 05.27 минути било уредно пријавено напуштањето на стражарското место од страна на војникот со службеното оружје, а никој не го барал до 07.00 часот.

Нормално било што војникот бил контактиран по мобилен телефон во 06.06 минути, па во 06.39 минути, кој ветувал дека ќе се врати и му се верувало на зборот, иако никој не знаел каде е, а при тоа тој самиот одбивал да каже.

Нормално било што после отсуство од час и половина, самиот војник јавил дека убил тројца, и тоа во Злетово!

И после сето ова Јолевски и Министерството за одбрана утврдиле дека сите пропишани стандарди и оперативни процедури и правила биле доследно испочитувани?

И Јолевски нема ништо повеќе да каже освен што жали и ќе чекал законски измени за употреба на огнено оружје?

Значи вака ќе продолжат да не штитат АРМ и Министерството за одбрана?

По ваквото фрапирачко соопштение, без ни малку чувство на морална и политичка одговорност, да не говориме за професионалната, Зоран Јолевски треба веднаш да си поднесе неотповиклива оставка, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар