СДСМ: Судиите во иднина ќе носат одлуки според весела математика

Од:

Социјалдемократите со уште едно соопштение до медиумите реагираат на реформите што планира Владата да ги воведе во судскиот систем преку предлог Законот за одредување на видот и висината на казните власта. Како што велат од СДСМ, доколку се применува овој Закон судиите ќе ги носат своите одлуки според шаблони и табели, а не по убедување.

Ова, велат од партијата, може да оди на штета на независноста на судството, но и на граѓаните затоа што кривичните дела не се идентични и не можат да се сведат на табели и математички операции.

Проблемот со партизираноста на судството, велат од таму, е проблем кој бара длабоки реформи и пред се политичка волја на Владата да ги тргне рацете од судовите.

„Пред извесен период власта убедуваше дека Правилникот е вистинското решение, сега признаваат дека тој не бил решение. Колку време ќе и биде потребно на власта за да излезе со истата констатација и за овој закон?“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус