СДСМ: Срамната одлука на партиските послушници на Груевски во Уставниот суд е признание за изборниот грабеж

Од:

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измена на Законот за кривична постапка е уште една потврда за стравот на Груевски од соочување со одговорноста за криминалот и изборните измами.

За да го одложат постапувањето на независнaта институција, Специјално јавно обвинителство, во паника, ВМРО-ДПМНЕ предлага наместо како до сега осомничениот да има рок од 15 дена за поднесување на докази, тој рок да се продолжи на 90 дена, што е речиси 3 месеци.

Попусто Никола Груевски се обидува да ја попречи правдата. Вистината излезе на виделина.

Со објавувањето на стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во Избирачкиот список се потврди изборниот криминал на Никола Груевски.

Срамната одлука на Уставниот суд е признанието за изборниот грабеж.

Ниту партиските испостави во судството нема да го спасат Никола Груевски од одговорноста. Секој што го прекрши законот ќе одговара.

Јавноста веќе е запознаена за партиската поврзаност на Елена Гошева, Јован Јосифовски и Никола Ивановски со ВМРО-ДПМНЕ.

За братот на судијата Ивановски е поднесена кривична пријава пред три години, а се уште не се знае ништо за неа.

Ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојана Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Се е јасно. Но, срамна одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од одговорноста за изборниот криминал. Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март