СДСМ: Списокот на ВМРО-ДПМНЕ е нецелосен, ДКСК да продолжи со отворање случаи за непотизам

Од:

„Списокот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на непотизам доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата е фаличен и нецелосен.

На списокот недостасуваат илјадниците роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во државни институции и јавни и државни претпријатија во 11 те години криминално владеење.

ВМРО-ДПМНЕ на списокот треба да ги запише и братучедот на Христијан Мицкоски, сестрата и таткото на генералниот секретар Игор Јанушев, вујкото, братучедот, снаата, братучетката и зетот на Антонио Милошоски, сестрата, сопругата, вујкото, тетката на Димитар Стевананџија, ќерката и братот на членката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна директорка на УЈП, Анастасија Илиеска.

Ако ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски навистина се загрижени, ако имаат образ и достоинство, тогаш треба да ги повикаат своите роднини да се повлечат, а откако ќе ги повикаат, нека подготват нов список кој ќе го достават до Комисијата за спречува корупција.

Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи за непотизам. Го охрабруваме ова независно тело и ги очекуваме одлуките. Наскоро, СДСМ ќе поднесе претставки за сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нуди решенија и веќе започнаа првите повлекувања. Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната