СДСМ: Собранието во овој состав не е повеќе место за нормален политички дијалог

Од:

Опозицијата останува на своите јавно прокламирани цели и од нив нема да отстапи. За остварување на овие цели понудивме разумен и остварлив план, за чија реализација како што повторивме неколку пати досега, сме подготвени да постигнеме политички договор.

Ова е ставот на СДСМ по денешното соопштение од ВМРО – ДПМНЕ во однос на барањата од опозицијата.

„Ниту едно соопштение не може да го избрише фактот дека ВМРО ДПМНЕ, со настаните пред и на “црниот понеделник“, свесно ја укина институционалната политичка дебата, го прекрши уставот, законите, деловникот, процедурите и практично ја суспендираше парламентарната демократија. На ваков начин беше недвосмислено потврдено дека Собранието во овој состав не е повеќе место за нормален политички дијалог.

– Преседанот со насилното исфрлување на новинарите и опозициските пратеници од Собранието, неповратно и го одзема легитимитетот на власта. Мандатот добиен од граѓаните никому не дава право за политичко самоволие и диктат со злоупотреба на државните институции. Во ваква ситуација невозможно е да се очекува опозицијата, која беше брутално исфрлена, да се врати во Собранието кое во овој состав нема никаков легитимитет.

– Сметаме дека е штетно за државата оваа политичка криза создадена од власта да се игнорира.

– Би било наивно да се преправаме дека власт која на ваков начин ги злоупотребува институциите може или сака да организира слободни, фер и демократски избори.  Во вакви услови невозможно е да се одржат само локални избори, бидејќи тоа би значело легитимирање на однесувањето на власта, а сите оние кои би излегле на тие избори би станале соучесници во укинувањето на демократијата.

– Затоа, за да се избегне понатамошно продлабочување на политичката криза единствено решение е да се врати изгубениот легитимитет на институциите. Тоа не може да се случи само на локални, туку преку слободни и фер предвремени парламентарни избори.

– Уште еднаш сакаме да потенцираме, предвремените парламентарни избори не се само барање на опозицијата туку неопходност наметната од политичката криза, како и единствено можно решение за истата.

– Македонија, како земја која сака да стане член на ЕУ и НАТО, мора да ги промовира и применува вредностите кои се основен постулат на сите развиени демократии.  Спротивно е на секоја цивилизациска вредност да се прекршува уставот кој преставува столб за секоја демократија. Затоа, заштитата на демократските вредности мора да преставува прв приоритет за Евроатланските интеграции.

– Опозицијата останува доследна на своите јавно прокламирани цели за враќање на демократијата во земјата, и од нив нема да отстапиме. За остварување на овие цели понудивме разумен и остварлив план, за чија реализација како што повторивме неколку пати досега, сме подготвени да постигнеме политички договор“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ