СДСМ: Со ребалансот на буџетот до ново покачување на платите и повисок животен стандард

Од:

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и имплементација на реални и развојни економски мерки кои економијата ја движат напред и носат се повеќе пари во семејните буџети.

Со ребалансот на Буџетот којшто од денеска влегува во собраниска процедура предвидени се нови мерки за покачување на платите, за повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

Ребалансот на буџетот обезбедува дополнителни 400 милиони денари за субвенционирање на придонеси за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари.

Дополнително обезбедени се 200 милиони денари за вработување со што се потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ да ја намали невработеноста која веќе е на историски најниски досега 17.5%.

Бројни економски параметри покажуваат дека имаме активна, конкурентна и силна економија која нуди еднакви шанси за сите.

Просечната нето плата годинава е повисока за 3.5 отсто.

Минималната плата порасна до 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки, се разговара и за ново покачување.

Од септември годинава покачени се платите на сите вработени во јавната администрација за 5 отсто.

Доказ за успешноста на економските реформи на Владата предводена од СДСМ се официјалните податоци кои потврдуваат дека во првите два квартали од 2019 година имаме над 3 проценти раст на БДП.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на условите во економијата со цел да се обезбеди економски раст, повисоки плати, помали трошоци и повеќе пари за сите граѓани, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски