СДСМ: Со празни прес конференции опозициската партија го покажува нивниот очај

Од:

„Празните и неаргументирани прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за очајот на опозицијата, но и доказ дека СДСМ за само 2 и пол години направи многу повеќе за армијата од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години.

Од доаѓањето на власт, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата.

Платите во Армијата за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари, реформите во одбраната се на прав пат.

Со зголемувањата на платите обезбеден е значителен пораст на основните плати, имајќи го во предвид фактот што претходно платите на вработените во Армијата беа повеќе години наназад замрзнати.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ништо не направи за Армијата, а денес секојдневно продолжува со разно разни опструкции.

Со свесното блокирање на Законот за одбрана, Мицкоски и неговите пратеници во Собранието го кршеа Уставот и го загрозуваат остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај.

Очајот на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со излишни прес-конференции, неаргументирани изјави со што се потврдува дека опозицијата нема програма, идеја и тоне во страв од извесниот изборен пораз на парламентарните избори на 12 април.

Граѓаните, особено членовите на Армијата го паметат несериозниот и игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, затоа на 12 април ќе порачаат враќање на режимот нема да има никогаш повеќе“, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните