СДСМ: Со негласањето за недела неработен ден, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ставија на спротивната страна од интересите на работниците

Од:

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не гласаа за измените и дополнувањата за Законот за работни односи со кое недела станува ден за одмор за 92 отсто од сите работници, а останатите осум отсто да добиваат повисоки дневници за ден недела“, соопшти СДСМ.

„Со негласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ставија на спротивната страна од интересите на работниците.

По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ниту се грижи за граѓаните, ниту за работниците, дека за нив најважен е личниот и партискиот интерес.

Парламентарното мнозинство предводена од СДСМ и покрај опструкциите го донесе законот и останува партнер на работниците, продолжува со носење на реформи кои ги унапредуваат работничките права и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар