СДСМ: Со недели ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз обвинителството и судството

Од:

„Во ВМРО-ДПМНЕ, буквално ништо не се менува, партијата се уште работи по инструкции од Будимпешта. Груевизмот зрачи. Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се послушници на почесниот претседател во бегство Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал, веќе и јавно кажува дека сака да биде контролор на обвинителството.

Со недели ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен притисок врз судството и обвинителството. Им кажува што и како да прават, најавува контрола врз нив и најавува документи од истраги и ја загрозува постапката за „Рекет“, се вели во соопштението на СДСМ.

„За ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неселективната правда и еднаквоста пред законите се непознати поими, затоа свесно и намерно се обидуваат да попречат правдата за да ги заштитат огромниот број криминали направени за време на нивното владеење.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ стои на страната на правото, неселективноста пред законите и правичен судски систем.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да заштити и заташка криминали, СДСМ се бори правдата да победи и секој што направил прекршување на законите да одговора.

Паниката на Мицкоски е разбирлива, бидејќи нема да ја оствари неговата единствена мисија и ќе го разочара неговиот шеф во Будимпешта, Мицкоски нема да ги заштити неговите криминали.

Заврши времето кога истрагите, пресудите се нарачуваа од белиот дворец. Денес, Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме