СДСМ: Со континуитетот на Ванчо Михајлов, Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Христијан Мицкоски со потврдувањето на континуитетот со Ванчо Михајлов ја погази иделогијата на ВМРО-ДПМНЕ велат од СДСМ.

– Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на идеи кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх. Мицкоски лицемерно зборува за патриотизам и национални итнереси и осудува отворање на клубови со имиња на контроверзини историски личности, а од друга страна бара да се почитува Ванчо Михајлов како дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музејот во Скопје. Најголемата поддршка на бугарските клубови во Македонија доаѓа токму од претседателот на најголемата опозициска партија се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати