А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Со комбиниран модел на попис по меѓународни стандарди ќе се добијат прецизни и релевантни податоци важни за идниот развој на државата

by А1он01/02/2021 - 13:07120
Share0

„Државниот завод за статистика, институциите се подготвени и имаат капацитет да спроведат успешен попис и тој оваа година ќе спроведе со нова методологија која за првпат ќе се применува во нашата држава и која во еден дел го вклучува и електронскиот попис.

Следете a1on на Instagram Instagram

Електронскиот попис веќе е дел од севкупната методологија на оваа важна статистичка операција кој заедно со теренското попишување обезбедува заокружен процес и целосна успешност на пописот“, велат СДСМ.

„Со вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите коишто веќе постојат во државата, ќе се добие целосен преглед за податоците кои се неопходни, но, не се опфатени со електронските бази.

Преку овој комбиниран модел кој е познат во светската пракса ќе спроведеме попис согласно препораките на ОН и Евростат.

Следете a1on на Youtube YouTube

Само електронски попис не е доволен за да се добијат комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди, затоа што одреден дел од податоците од електронските бази не ја даваат комплетната и прецизна слика.

Само со електронски попис не можат да се добијат сите потребни податоци за нерезидентните граѓани, односно граѓаните кои се во странство повеќе од една година, а ниту една база на податоци не ја дава комплетната слика за видот, стандардите и бројот на живеалиштата на нашите граѓани.

За креирање на издржани, долгорочни политики и стратегии потребни се сите релевантни и прецизни податоци што ќе се добијат од пописот и затоа тој мора да биде и ќе биде спроведен согласно сите стандарди“, соопштува СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 14:1027/09/2026 - 14:13

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 10:56

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео