СДСМ: Со Груевски нема напред! Македонија е со најзагаден воздух во Европа!

Од:

„Македонија под власта на Никола Груевски стана земја со најзагадениот воздух во Европа. За ова алармираат ЕК и Светска банка во секој извештај.

Македонија е на првото место на листата на Светска банка, според изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички, а загадувњето со години е над европските стандарди.

Како што покажаа истражувањата на Светска банка, цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и за илјадници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП.

Светска банка укажа дека со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно, но власта на Груевски не сакаше да слушне за ова.

Единственото нешто што направи власта е што препорача луѓето да не излегуваат надвор, да не ги отвораат прозорците и поретко да дишат.

Граѓаните знаат дека за вистински промени, за подобро здравје и за живот за сите граѓаните, потребна е нова одговорна влада! На 11 декември заедно да избереме Живот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС