СДСМ Скопје: Маските паѓаат – радикални михајловисти дел од кампањата на Арсовска

Од:

Од градската организација на СДСМ Скопје преку соопштение велат дека радикални михајловисти се дел од кампањата на кандидатката Данела Арсовска.

„На 27 октомври на својата фејсбук страница Данела Арсовска објави фотографија како дели пропагандни материјали со радикален член на „Културен центар Иван Михайлов – Битола“ и МПЗ Тодор Александров.

Здружението Културен центар Иван Михайлов – Битола има за цел „Рехабилитација и просветлување на ликот и делото на Иван Михайлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.

За време на пописот, на 17 септември Културен центар Иван Михайлов – Битола упати повик за попишување на Бугарите од Македонија со слоганот „Еден народ во две држави“:

„ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ ДЪРЖАВИ!!!

Запишете се българи от Македония!!!

Запишете се да не си я губиме държавата!!!

Македония требва да оди во Европа со историческата вистина!!! Ние сме еден народ во две държави!!!“

Дека станува збор за радикален националист, говори и оваа фотографија на истото лице со автоматско оружје во раката пред партискиот грб на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за дел од „Радикалните членови на МПЗ Тодор Алексадров“, кои подоцна го основаа Културен центар Иван Михайлов – Битола“, се наведува во соопштението на СДСМ Скопје.

„Во 2016 година, по инцидентот на Мечкин Камен, СДСМ јавно бара да се забрани натамошно учество на здружението „Тодор Александров“ на Илинденскиот марш заради отворена промоција на фашистички идеи од страна на неговите членови и величање на ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ. Културен центар Иван Михайлов – Битола отворено го негира 11 октомври како национален празник. На 11 октомври Културен центар Иван Михайлов – Битола објави дека „ДНЕС Е “ПРАЗНИК” В МАКЕДОНИЯ, НАРИЧАН “11 ОКТОМВРИ”.

Празнуват го ВСИЧКИ сърбокомунисти, а национално потиснатият ни народ оплаква своите близки убити или безследно изчезнали след 1945 година в сърбо- комунистическите затвори в Идризово, Голи Оток.“

Данела Арсовска, која сеуште ги негира објавените докази дека поседува бугарско државјанство и бугарска лична карта, и должи на јавноста одговор зошто дели пропагандни материјали заедно со член на здружение кое го оцрнува антифашистичкиот празник „11 октомври“ и пропагира дека Македонците и Бугарите се „ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ ДЪРЖАВИ!!!“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК