СДСМ: Скандал, фирма на министерката за енергетика должела речиси еден милион евра на МЕПСО

Од:

Сања Божиновска која важи за партнер на Мицкоски во енергетика премиерот ја претстави како врвен експерт и менаџер во оваа индустрија. Божиновска која криеше и се уште крие дека има бугарски пасош, крие и многу други работи поврзани со нејзиното работење во приватниот сектор рече на прес конференција Методија Илиевски од СДСМ.

– Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, фирма чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска, во период од 2016 до 2017 направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО.

По одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата на Божиновска. Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години Божиновска нема абер од плаќање на долгот кон државата.Со наталожен долг кон државата, Божиновска го менува името на фирмата и прераснува во друг субјект. Наместо „ЕНГ Сервис Трејд“ сега се вика „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“.Веќе во 2022 година, фирмата „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава, внимавајте, за 2019 година, рече Илиевски.

Тој побара Мицкоски да одговори, како може да постави кадар да раководи со енергетика и де факто да биде одговорна и за работењето на МЕПСО, а притоа таа да му должи на МЕПСО огромна сума пари? Дали ова не е само по себе конфликт? Зошто Мицкоскки ја избра Божиновска и дури и направи и цело ново министерство? Во какви бизнис релации се двајцата?

– СДСМ располага со други информации за катастрофалниот учинок на Божиновска со приватниот сектор кои укажуваат дека таа не е способно за функцијата но има и сомнително минато како менаџер. Како ова ќе се одрази на нејзиното работење можеме само да претпоставиме, но повеќе од јасно е дека ништо добро не може да се очекува. Во следните денови ќе излезе со повеќе информации за сите овие скандали, заврши Илиевски.

 

Би можело да ве интересира

Филипче од Битола: Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откупни цени

Костова: Делчево е пример за успешно и домаќинско водење на општина

Барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, Мицкоски за патот на земјава кој ЕУ

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Перјаницата, чии колумни ги споделува целото раководство на СДСМ, порачаа дека било штос моето распарчено тело да го спакувале во куфер

Предраг Петровиќ