СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Од:

Силјановска e целосно во матрицата на ДПМНЕ, во паника ги засилува навредите и ниските напади кои не доликуваат ниту на еден политичар. Во недостаток на план и програма, соочена со тоа што граѓаните не ја поддржуваат упатува вербални навреди кон Пендаровски и Ковачевски. Личните дискредитации за прекари со женски род, навредите за интелектуалните капацитети говори за Силјановска и покажува дека ДПМНЕ се во паника од пораз на изборите, велат од СДСМ.

– Ова е уште една потврда дека ништо не е прометно во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани кон неистомислениците. Граѓаните знаат дека ДПМНЕ и Силјановска наместо иднина, им нудат враќање во минатото и изолација и затоа ќе ги казнат на изборите. Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!