СДСМ: Сиљановска свесно направи груба злоупотреба на деца во политички цели

Од:

„Соочена со слабата поддршка од граѓаните, кандидатката на ВМРО -ДПМНЕ Гордана Сиљановска, во очај грубо злоупотреби деца во политички цели и за изборна кампања.

Немајќи што конкретно да понуди пред граѓаните, Сиљановска злоупотреби деца без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село, каде трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот центар за социјални работи.

Иако е јавно познато дека за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата, очајната Сиљановска се обиде да прикаже нереална слика за наводен недостиг на храна во детското и свесно ги злоупотреби децата заради политички маркетинг.

Со таквото однесување, Сиљановска делува спротивно на Изборниот законик, како и на ратификуваната Конвенција за правата на детето.

Сиљановска најгрубо ги злоупотреби дечињата и ги прекрши нивните детските права. За таквиот потег очекуваме реакција од сите надлежни институции, вклучително и од Државната изборна комисија.

Кандидатката на Мицкоски уште еднаш покажа дека не е достојна да ја извршува функцијата за која се кандидира“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он