СДСМ: Сиљановска покажа незнаење и не понуди ништо освен одбрана на криминалци

Од:

„Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од осудени криминалци, како Игор Југ, правосилно осуден за терористичко загрозување на безбедноста и уставниот поредокот, како и Никола Груевски осуден криминалец во бегство.

Тоа е причината зошто Сиљановска не го осуди насилството од 27 април, затоа молчеше и не го осуди криминалниот режим на Никола Груевски.

Сиљановска покажа незнаење од клучните области за безбедноста и армијата, не понуди ништо пред граѓаните освен одбрана на криминалот на режимот.

Граѓаните силно ќе го поразат концептот на Мицкоски за враќање назад, чиј застапник е Сиљановска и нема да дозволат на чело на државата да дојде некој зад кого стојат насилници и криминалци.

На 21 април, во недела, масовно ќе го поддржат концептот предводен од Стево Пендаровски што води напред и обезбедува правда, сигурност и иднина за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“