СДСМ: Сиљановска по стапките на Груевски, побегна од дебата

Од:

По стапките на Никола Груевски тргна и Сиљановска, велат од СДСМ.

“Гордана Сиљановска денеска побегна од новинарите, побегна од граѓаните, од јавноста. Што подалеку бега Сиљановска од граѓаните за кои самата рече дека не ги познава.

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, не ги почитува граѓаните, не ги почитува медиумите и не ги почитува новинарите.
Од што сакаше да побегне Сиљановска?”, прашува СДСМ.

“Од тоа што е во друштво со осудени за изборни измами? Од тоа што се потврди дека е неискрена и нечесна кон граѓаните? Како тргнала Сиљановска ќе избега во Будимпешта.

Сиљановска треба да знае дека од вистината не може да побегне. Со вакво однесување Сиљановска потврдува дека не е достојна за функцијата за којашто се кандидира.”, заклучи СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?