СДСМ: Силјановска е на иста линија со Мицкоски и Груевски, поддржувач на режимот и транзициски профитер

Од:

„ВМРО –ДПМНЕ не се менува, таа е истата стара режимска партија која во своите редови има само лични профитери и докажани губитници. Тоа се покажа уште еднаш со носителите на кандидатските листи за пратеници на престојните избори. Имено, во изборната единица број 1, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја имаат Гордана Силјановска добро познатата транзициска политичарка и профитерка. Па така, додека Силјановска министеруваше, нејзиниот сопруг се богатеше преку фри-шопот кој го добил во тоа време и успеал да купи дури 10 дуќани и куќа во Центарот на Скопје од државата, велат од СДСМ.

Според СДСМ, Силјановска е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е во истата режимска матрица, и дека таа е јавен поддржувач на режимот на Груевски и на неговите кадри.

„Тоа го потврди и со тоа што јавно го бранеше упадот на специјалците во А1, ја убедуваше јавноста дека А1 не била нивна мета, ја бранеше диктатурата на Груевски кога ги ништеше медиумите и ја поддржа кандидатурата на Иванов. Непотизмот кој е заеднички и за Сиљаноска и Мицкоски. Имено, синот на Силјановска, студирал кај неа, бил два пати именуван како член на УО на Злетовица, со потпис на Никола Груевски, а Мицкоски беше асистент кај татко му. Таа со години ја лажеше јавноста дека „немала склоност кон функции“и не ја интересирала политиката, а се покажа токму спротивното. Силјановска продава лажен патриотизам исто како режимското ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Ги манипулира гласачите дека Договорот од Преспа може да се поништи. ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо ново, само докажани губитници, истрошени политичари и поданици на режимот на Груевски, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он