СДСМ Штип: Бројките во Извештајот за реализација на Програмата за локален економски развој се поразителни

Од:

„Извештајот за реализација на Програмата за локален економски развој, на дело ја покажа неспособноста на локалната власт предводена од градоначалникот Илчо Захариев.

Бројките во Извештајот се поразителни. Во програмите за урбанистичко планирање, за изградба на системи за водоснабдување, реализацијата е под 40%. За потикнување на развојот на туризмот во Штип и околината, локалната власт не издвоила ниту денар.

Од предвидените средства преку блок дотации, за основно образование се реализирани само 83%, а за средно образование само 76%. Овие средства не се ни приближно доволни за нормално функционирање на училиштата, оносно за сервисирање на основните давачки поврзани со греење, водоснабдување, ел.енергија, а инвестирање во нови наставни средства и технологија е невозжно.

Вака поставениот општински буџет не само што не е развоен, туку практично претставува буџет за преживување, без гаранција дека некои дејности и програми ќе успеат да преживеат во лошите услови кои ги наметна Захариев.

Затоа, на Штип му се потребни промени во раководењето со општината и општинските пари. По промените на парламентарните избори, во Штип следуваат промени и на локално ниво. Општина Штип ќе добие нова локална власт која ќе работи во интерес на граѓаните“, изјави Јане Миланов, советник од СДСМ и коалициските партнери, Штип.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он