СДСМ: Сеуште не е избран кандидат за градоначалник на Струга

Од:

СДСМ-Струга ги негира информациите во некои медиуми дека Сефер Цаноски ќе биде нивни кандидат за градоначалник на Струга, на локалните избори кои ќе се одржат во март следната година.Од таму велат дека постапката за избор на кандидат е во тек.

„Постапката за избор на кандидат се уште е во тек и точно не се знае името на кандидатот. Наш став е дека нема логика да се поддржи кандидат од друга партија која на минатите избори има освоено помал број гласови од СДСМ. Постојано сме во контакт со коалиционите партнери, но конечна одлука кој ќе биде кандидатот за градоначалник кој ние ќе го поддржиме не е утврдено“ велат од СДСМ Струга.

СДСМ е во коалиција со ДПА од каде минатата недела го официјалиизраа својот кандидат за градоначалник на Струга, пратеникот Зијадин Села.

Ако СДСМ оди со свој кандидат во Струга, тоа ќе значи прекршување и отстапување од договорот за коалицирање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски