СДСМ: Секогаш сме први во промените, искрено се обраќаме до чесните од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа не е Мицкоски

Од:

„СДСМ е прв во промените. Идејата за заедничка дејствување за напредокот на државата е визионерство и шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, на почетокот на нов четиригодишен мандат како Премиер, само неколку дена после изгласана доверба во Парламентот, подава рака за дебата за национално помирување. Тоа е знак на самодоверба и самоувереност, лидерство и доказ за висока политичка свест за проблемите на граѓаните и политичка широкоградост која е одлика само на политичари за кои државата е пред тесно-партиските интереси“, велат од СДСМ.

„Затоа Зоран Заев ја ужива довербата од граѓаните и предводи напред.

Неговата визија се промени за поддршка на напредокот наместо блокади и враќање назад, промени за поддршка на НАТО и ЕУ, за правда која важи за сите а не за опструкции, за демократија а не режим, за едно општество за сите а не за поделби.

Претседателот Заев отвора јавна дебата и се обраќа до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги врзува желбата за просперитет на нашата земја, кои се за напредок а не криминално стекнатиот имот на режимот и враќање назад.

Тој им се обраќа на сите оние кои ја препознаваат големината и визијата на новиот политички концепт за ресетирање на македонското општество и отстранување на сите аномалии кои како тег го успоруваат развојот и подобрата иднина на земјата.

Мицкоски безброј пати покажа дека не е еден од нив.

Затоа, Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување.

Губитникот Мицкоски нема капацитет и кредибилитет да учествува во идејата за национално помирување меѓу најодговорните партии. Тој едноставно не поседува политички капацитет вистински да ја разбере“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он