СДСМ: Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса, таму ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски

Од:

Откако потонаа сите лаги, манипулации, црни сценарија, обиди да ја закочи европската иднина на државата, Христијан Мицкоски тоне и сака да ја повлече цела држава. Toa СДСМ, заедно со граѓаните нема да му го дозволи велат од СДСМ во реакцијата на одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на иницијативата за референдум.

– Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа па потоа го бојкотираше. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски собираа потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажаа. Не му се виновни граѓаните на Мицкоски што ги лажеше за некаква бугаризација и асимилација која сите видоа дека не постои. Седницата на Извршниот комитет на ВМОР-ДПМНЕ е најобична фарса, таму ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски. Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен. СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!