А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Ристовски не се мешај во тоа што не го разбираш

by А1он27/10/2012 - 13:34164
Share0

Му порачуваме на министерот Ристовски да не се меша во тоа што не го разбира. Очигледно е дека министерот Ристовски не разбира што значи тоа изгубена добивка. Власта со закон ги натера приватните пензиски фондови пред време да продадат една од македонските евро-обврзниците што поседуваа, изјавија од најголемата опозициска партија

Следете a1on на Instagram Instagram

„Доколку приватните пензиски фондови имаа можност да ја чуваат македонската евро-обврзница до крај, односно до денот на нејзиното доспевање, тогаш приватните пензиски фондови ќе имаа поголема добивка од онаа што ја направија со предвремената продажба. Тоа значи дека затоа што Владата ги натера приватните пензиски фондови да продаваат порано, тие ќе имаат помалку пари одошто ако можеа да чуваат до крај. Заради погрешната одлука на власта и помалите приходи на приватните пензиски фондови повеќе од 300.000 идни пензионери ќе имаат пониски пензии кога ќе се пензионираат. Најдобра потврда за погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ и за ризиците што тие ги создаваат за пензискиот систем и за пензионерите е изјавата на самиот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој пред неколку дена рече дека пензискиот систем во Република Македонија е неодржлив“, изјавија од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Горан Наумовски27/10/2026 - 15:13

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:24

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:21

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 10:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео