СДСМ: Ресен крева глас за иднината

Од:

„Република Македонија се соочува со катастрофални состојби во буквално сите сфери од општественото живеење. Стандардот на граѓаните од ден во ден се повеќе оди надолу. Невработеноста и сиромаштијата се на рекордно високо ново, стопанството се гуши во неликвидност, индустриското производство опаѓа, бројот на фирми со блокирани сметки станува се поголем“ стои во соопштението на СДСМ.

„Крени глас за иднината“ ги собра граѓаните на Струмица, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Крива Паланка, Богданци, Неготино, Охрид и Крушево да ги наполнат плоштадите и да го кренат својот глас. Велат, сликите вредат милион зборови. Јавноста виде оти народот нè поддржува, велат од СДСМ.

„Ако централната власт ги заборава граѓаните, ние ќе делуваме локално, заедно со граѓаните, ќе понудиме подобри решенија, нова иднина. Преку предлозите кои ќе ги добиемe од граѓаните, понудените решенија кои граѓаните ќе ги одобрат, преку нивните забелешки ќе се исцрта програмата на СДСМ за наредните локални избори“, стои во повикот за вечерашниот митинг во Ресен , кој ќе започне во 20 часот и 30 минути.

На митингот че биде претставен кандидатот за градоначалник на Ресен, д-р Јордан Проевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема